Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 7 август во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела „ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“, колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко).

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриваат две перспективи на погледот кон светот. И тука лежи една фундаментална тензија. Едната перспектива, на Ацеска, е аспект од нашата природа што се стреми да разбере преку дисекција: да разложува, анализира и поедноставува во потрагата по значење. Другата перспектива е онаа на Ацески. Таа е аспектот што ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање.

Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум и каде што се појавува значењето како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот.

ИЗДВОЕНИ