четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Улични перформанси во Центар

Улични перформанси во Центар

24

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“.

Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе создадат уште една центарска приказна.

Герасимовски  апелираше заинтересираните да се пријават и да предложат програма што ќе ја доближи уметноста до граѓаните и како  што истакна ќе создаде уште една убава центарска приказна.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата, а пријавите може да се достават по пошта или во Архива на Општина Центар.

 

 

ИЗДВОЕНИ