четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Украинските сили објавија видео од нападот на два руски авиона Ту-142 и...

Украинските сили објавија видео од нападот на два руски авиона Ту-142 и еден ракетен систем“/видео

399
Фото:видео „Икс“, принтксрин

Украински беспилотни летала уништија два руски поморски авиони Ту-142 и еден балистички ракетен систем „Искандер“ во текот на ноќта од петок кон сабота, објави командантот на Силите за беспилотни системи Роберт Бровди, познат по прекарот „Маѓар“, објави ТВП Ворлд.

Според него, Искандерот и два авиона Ту-142 биле погодени во воена воздухопловна база во Таганрог, пристанишен град на Азовското Море во рускиот Ростовски регион. Нападот го извршил 1-виот центар на Силите за беспилотни системи, единица специјализирана за длабински напади врз руски воени цели и нафтена и гасна инфраструктура.

 

 

Гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар, објави на „Телеграм“ дека по нападот со украински дрон во Таганрог, се запалил резервоар за гориво, цистерна за нафта и административна зграда. Тој додаде дека во нападот се повредени две лица.

Таганрог е едно од најважните руски пристаништа на Азовското Море и се наоѓа на малку повеќе од 40 километри од границата со моментално окупираниот дел од украинскиот регион Донецк. Градот е честа цел на украински напади со беспилотни летала во последните месеци, а последен пат експлозии беа пријавени во областа во текот на ноќта на 27 мај.

Украина сè повеќе се потпира на дронови од домашно производство за извршување напади врз цели длабоко на руска територија.

ИЗДВОЕНИ