вторник, јули 14, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ најави неколку митинзи низ цела Србија на крајот на јуни, централниот...

Вучиќ најави неколку митинзи низ цела Србија на крајот на јуни, централниот ќе се одржи на 27-ми во Белград

51

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека од 26 до 28 јуни ќе бидат организирани неколку митинзи и настани низ цела Србија, на кои ќе ги презентира плановите за земјата.

„Во тој момент, во тие три дена, ќе организираме неколку важни настани и во Белград и низ цела Србија, ќе презентираме главни програмски прашања и главни планови, ќе разговараме за некои лични решенија, за тоа како ја гледаме Србија и за тоа што нè очекува во месеците потоа“, изјави тој за Информер, објави „Данас“.

Тој ги покани сите граѓани кои „не сакаат гнев, уништување и омраза“ да дојдат на овие митинзи.

Тој додаде дека централниот собир ќе се одржи на 27 јуни во Белград попладне и навечер.

ИЗДВОЕНИ