четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Украинците со дронови погодија руски танкер и складиште за нафта

Украинците со дронови погодија руски танкер и складиште за нафта

339

Украинците со дронови погодија танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир преку ноќ, соопштија властите во јужните региони Ростов и Краснодар.

Според „Ројтерс“, гувернерот на Ростовскиот регион Јуриј Сљусар изјави на Телеграм дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, се изгаснати.

Две лица се повредени и не е пријавено истекување на нафта, додаде функционерот.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, изјави дека градот е сè уште под вонредна состојба, воведена на 27 мај.

Во соседниот Краснодарски крај, властите во Армавир, град со 185.000 жители, изјавија дека пожарот во складиште за нафта во индустриската зона на градот е ставен под контрола и дека нема пријавени повредени.

Гувернерот на Ростовската област изјави дека речиси 50 беспилотни летала се соборени во регионот, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ