среда, јуни 10, 2026
Дома СВЕТ Украина покажува ново оружје? Ракета „Фламинго“ наводно погодила воена цел во Русија/ВИДЕО

Украина покажува ново оружје? Ракета „Фламинго“ наводно погодила воена цел во Русија/ВИДЕО

19

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинските сили извршиле нови напади длабоко на руска територија, при што биле погодени воени и енергетски цели, оддалечени и повеќе од 900 километри од линијата на фронтот.

„Продолжуваме да ги спроведуваме украинските удари со долг дострел врз руските воени објекти и нафтената индустрија“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Тој наведе дека во текот на изминатата ноќ украинските дронови ФП-5 „Фламинго“ погодиле воен погон во Чебоксари, кој, според Киев, произведува компоненти за дронови и ракети што ги користи руската армија. Мета на нападите била и рафинеријата „Кујбишев“ во Самарската област, една од најголемите во регионот и дел од структурата на руската нафтена компанија „Росњефт“.

Зеленски соопшти дека биле нападнати и два објекта од нафтената инфраструктура во Владимирската област, на околу 700 километри од украинската граница.

„Ова се целосно праведни одговори на Службата за безбедност на Украина“, порача украинскиот претседател.

Фабриката ВНИИР-Прогрес во Чебоксари, која беше посочена како една од целите, според украинските власти, произведува антени наменети за заштита на руските ракети и беспилотни летала од системите за електронско војување.

Руските власти засега не објавија официјални информации за евентуалната штета или последиците од нападите.

ИЗДВОЕНИ