среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Корвеси: Работата на Европското јавно обвинителство се поткопува кога се истражуваат влијателни...

Корвеси: Работата на Европското јавно обвинителство се поткопува кога се истражуваат влијателни политичари и луѓе блиски до власта

75

Работата на ЕЈО се поткопува кога се истражуваат влијателни политичари

Европската главна обвинителка, Лаура Ковеси, чиј мандат завршува в петок, предупреди дека работата на Европското јавно обвинителство (EЈО) систематски се попречува и поткопува, особено кога истрагите вклучуваат влијателни политичари и луѓе блиски до власта.

-Некои политичари мислат дека се над законот. Ако ве повикаат да сведочите, мора да дојдете, рече таа за „Политико“, осврнувајќи се на случаите во кои претставниците на Европската Унија не одговориле на поканите од обвинителите.

Една од темите за кои повторно се дискутира е истрагата за комуникацијата помеѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и директорот на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурле за време на набавката на вакцини против коронавирусот, позната како „фајзергејт“.Извор запознаен со случајот изјави дека фон дер Лајен сè уште не сведочела лично пред ЕЈО, но Кевеси не коментира за конкретната истрага, ниту пак потврдува дали нејзините критики се однесуваат на Лајен.

Кевеси предупреди дека ЕЈО постепено може да ослабне токму затоа што се занимава со чувствителни случаи.

ИЗДВОЕНИ