петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ ќе се загрева со топлински пумпи

Училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ ќе се загрева со топлински пумпи

85

Општина Ѓорче Петров, во соработка со „ЕУ за чист воздух“, проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“.

Во рамките на проектот е имплементиран современ бивалентен систем за греење со топлински пумпи (воздух-вода), кој овозможува автоматизирано и интелигентно управување со системот, приспособувајќи ја неговата работа согласно со надворешните температури. Дополнително, за оптимизација на внатрешната инсталација, поставени се термостатски вентили, со што се обезбедува рационална потрошувачка на енергија во согласност со реалните потреби на објектот.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека, како дел од координираните активности, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ е извршена замена на дотраените и енергетски неефикасни елементи во котларницата, како и инсталација на современа термотехничка опрема во вредност од 145.000 американски долари.

Општина Ѓорче Петров учествуваше со инвестиција од 96.000 евра за набавка на топлинските пумпи и за зголемување на електричната моќност потребна за нивно функционирање.

– Со замената на досегашниот извор на енергија и со оптимизацијата на системот за греење, емисиите на загадувачки супстанции од согорувањето се намалуваат до 98 %, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на потрошувачката на енергија и за унапредување на условите за престој и работа во училиштето и спортската сала – соопштија од локалната самоуправа.

Притоа, наведуваат дека со оваа инвестиција, Општината продолжува со спроведувањето на политиките за одржлив развој, подобрување на квалитетот на живот и создавање здрави услови за идните генерации.

– Општина Ѓорче Петров останува посветената на реализацијата на конкретни проекти што носат долгорочни придобивки за граѓаните и за животната средина – децидни се од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ