Србија се соочува со директни барања од бриселските бирократи да испрати свои војници против Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Парламентарното собрание на ОДКБ.
Лавров рече дека ОДКБ е заинтересиран за проширување на хоризонтите на соработка со пријателските земји, вклучително и во статус на набљудувач и партнер, меѓу кои по парламентарна линија е и Србија, пренесува „Спутник“.
„И ми се чини дека е многу важно да се одржат и зајакнат овие врски, бидејќи Србија е исто така на фронтовската линија, на линија на борбата за национална независност и се соочува со директни барања од бриселските бирократи да усвојат антируска политика, па дури и да испратат свои војници во тој блок, кој се закануваат дека ќе го формираат против нашата земја“, нагласи Лавров.












