Училишни униформи за сите основци во Центар

28

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека од септември за првпат ќе бидат воведени училишни униформи за сите основци.

-Како општина обезбедивме сите ученици од септември да имаат нови униформи. Ја подготвуваме јавната набавка за нови униформи за сите, приближно 4.700 ученици во нашите основни училишта, од прво до деветто одделение и верувам дека таа ќе заврши набрзо, па од септември сите ученици ќе бидат во нови униформи. Дополнително, еве четврта година по ред, обезбедуваме и бесплатни ранчиња и училишни прибори за сите првачиња – истакна Герасимовски.

Тој потенцираше и дека се прошируваат и подобруваат капацитетите во училиштата, но и во самите градинки.

-Приоритет ни е упис на дечињата во градинките коишто се жители на Центар, но во дел од градинките останува простор за упис на дечиња од други општини, чии родители работат на територија на општина Центар и имаат потреба да ги остават децата во близина на своите работни места. Ние како општина. поради тоа што имаме доволен капацитет во градинките, овозможуваме и тие дечиња да бидат запишани во нашите градинки. Одлично поминува процесот за упис на првачиња од 2 мај до 30 мај, верувам дека бројот на запишани ученици малку ќе се зголеми во однос на минатата година – констатираше Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ