Едно лице загина, а едно е повредено по пад на училишен хеликоптер од типот Р-44 во местото Темели, во округот Синџан кај Анкара, соопштија турските власти.
Според информациите од Канцеларијата на гувернерот на Анкара, хеликоптерот се урнал во 10.02 часот во тек на училишен лет, пренесуваат турските медиуми.
На местото на несреќата се испратени екипи на жандармеријата кои го обезбедија подрачјето, додека надлежните служби ја продолжуваат истрагата со цел да ја утврдат причината за падот на хеликоптерот.
Канцекаријата на јавниот обвинител за западниот дел на Анкара соопшти дека е започната истрага, за за случајот се задолжени двајца обвинители, во координација на заменикот на главниот јавен обвинител.
Турскиот министер за правда Акин Гурлек соопшти дека во несреќата загинал пилот во пензија, полковник Јасаозден Бакал.
„Со длабока така ја примив веста дека во тек на улилишен лет во хеликоптерска несреќа во окруог Синџан загина пилот, пензионираниот полковник Јасаозден Бакал. Упатуван сочувство до неговото семејство и блиските, а на повредениот приправник на Военото воздухопловство, мајорот Билгехан Куртоглу, му посакувам брзо закрепнување“, напиша Гурлек на социјалните мрежи.
Тој додаде дека судската истрага за несреќата се води „темелно и во сите насоки“, пренесе Н1 БиХ.












