Учениците од Гази Баба заминаа на летен камп

144

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска ги испрати и им посака среќен пат и убав престој на учениците од општинските основни училишта што заминаа на училиштен летен камп.

Во летниот училиштен камп ќе учествуваат над 400 ученици, поделени во две групи.

Од Општина Гази Баба информираат овој камп се реализира со финансиска поддршка од Општината, преку субвенционирање на цената за учество за секој пријавен ученик, со акцент и предност на учениците од ранливите категории семејства.

-Во рамките на кампот, учениците ќе бидат дел од спортски, едукативни и забавни активности, а особено важно е тоа што ќе имаат можност да се дружат, да се запознаат меѓу себе и да градат нови пријателства. Дополнително, ќе имаат обука за основната пливачка техника – важна животна вештина што ќе им користи и понатаму – велат од локалната самоуправа.

Овој проект се реализира во соработка со Општинскиот сојуз за училиштен спорт Гази Баба.

– Со реализацијата на оваа мерка, успеавме да донесеме вистинска радост кај децата, а една од клучните цели што ја постигнуваме преку училишниот летен камп е токму нивната поголема социјализација и вклученост – истакна Стефковски, додавајќи дека со ваквите активности и иницијативи им овозможуваат на учениците исполнето и безбедно лето, насочено кон спорт, дружење и развој на позитивните вредности, а не кон негативни влијанија.

 

 

ИЗДВОЕНИ