среда, ноември 18, 2026
Дома МАГАЗИН Убавата Зуица Лазова убаво си го прослави 52. роденден – сопругот Наум...

Убавата Зуица Лазова убаво си го прослави 52. роденден – сопругот Наум ѝ пееше „на увце“!

1

Кога познатата пејачка и професорка по хармоника  има силна причина за радување….Се пееше во живо, а пееше и самиот Наум, песни кои неговата Зуица најмногу ги сака, и народни и забавни, домашни и странски. Ќерката Македонка, заедно со својата горда мама, го испеа големиот хит „Симпатија“ од репертоарот на сплитската група „Магазин“

Многу добро ја познаваме од естрадната сцена, а голем број други ја знаат и како успешна професорка по хармоника. Тоа е нашата популарна пејачка, Зуица Лазова. Таа не ги крие годините, па мошне весело го прослави својот 52. роденден во еден скопски ресторан. Во мало одбрано друштво во кое, секако, почесно место имаа нејзиниот сопруг, пејачот Наум Петрески, и децата, ќерката Македонка и синот Стефан.

Прославата беше во знакот на одлична разновидна музика и одличен избор на храна и пијалаци. Се пееше во живо, а пееше и самиот Наум, песни кои неговата Зуица ги сака најмногу, и народни и забавни, домашни и странски. Ќерката Македонка, заедно со својата горда мама, го испеа големиот хит „Симпатија“ од репертоарот на сплитската група „Магазин“. Додека Наум ѝ пееше „на увце“ на сопругата, пресреќната Зуица уживаше во секој миг.

– Кај мене е секогаш многу весело и разиграно до зори кога јас славам, по кој било повод. Сетете се каква забава направив кога го славев оној мојот јубилеен 50. роденден. Ви текнува, бевте и вие новинари, па видовте. Тогаш со мојата свекрва Анастасија Петреска ја испеавме во дует песната „Ќе ти купам широк фустан, Зуице“, вели Зуица за весникот ВЕЧЕР.                      – Искрено признавам дека речиси 20 години, мојата свекрва ме чувствува како да сум нејзина ќерка. Јас рано останав без својата биолошка мајка, па во неа гледам вистинска мајка.  Таква сум по карактер. Сакам дружења, сакам луѓе. Не сакам намуртени, ниту дволични кои озборуваат. Што би се рекло, јас сум искрено друштвена женска! Секогаш во добрo друштвo, никогаш не сум сама, не би ни можела да се замислам да останам сама затворена во четири ѕида. Иако и тоа не би било лошо, барем на многу кусо време, за да си ги наполнам батериите, вели искрено Зуица.

Инаку, Зуица и Наум долги години живееја заедно вонбрачно, а дури во 2022 година ја официјализираа својата љубов со гламурозна венчавка во Охрид. – Се вљубив во Наум токму така, како некоја тинејџерка. Долго ја криевме врската, особено од вас новинарите (се смее), па сето тоа одеше малку комплицирано.

Во секој случај се сакавме, а секако дека се сакаме и сега, на еден поинаков начин. Иако сме со спротивставени карактери, ние, всушност, се привлекуваме. Мора да постои таа хемија помеѓу партнерите. Јас сум потрпелива, Наум помалку. Се надополнуваме и затоа функционираме како што треба, коментира убавата Зуица, која е по потекло од Штип, живее во Скопје, а вљубена е во стружанецот Наум.

Дуле МИЌИЌ / фото: приватна архива

 

 

ИЗДВОЕНИ