среда, ноември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Општината Крива Паланка поднесе кривични пријави за неодземање на кравите

Општината Крива Паланка поднесе кривични пријави за неодземање на кравите

0

Општина Крива Паланка поднесе кривични пријави до јавното обвинителство поради непостапување по извршните решенија за одземање на добитокот, соопшти градоначалникот Сашко Митовски во обраќање пред Основниот суд во Крива Паланка. Со пријавите се бара обвинителството да го испита постапувањето на службените лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и во Агенцијата за управување со одземен имот. Општината бара да се утврди кој бил должен да постапи по решенијата, дали имало злоупотреба на службената положба и дали со пропустите биле загрозени здравјето и безбедноста на граѓаните. Општината поднесува и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да се испита дали во овој случај постојат елементи на корупција.

ИЗДВОЕНИ