Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ повторно го привлекоа вниманието на социјалните мрежи, а нивните најнови потези особено го разгореа интересот кај нивните обожаватели. Во временски интервал од само неколку часа, тие објавија кратки видеа кои, на прв поглед, изгледаат како најави за нешто ново. Со оглед на сличностите меѓу нив, многумина се прашуваат дали младите пејачи подготвуваат музичко изненадување.
Синоќа, Џејла на својот профил на Инстаграм сподели краток исечок кој изгледа како кадар од музички спот.
На снимката таа е прикажана од зад грб, облечена во фустан што потсетува на балетсо здолниште. Целата сцена има филмска атмосфера, што сугерира дека таа е дел од поширока приказна која пејачката допрва треба да ја открие.
View this post on Instagram
Набргу потоа, се огласи и Јаков. Денес, тој на својот профил објави кратко, мистериозно видео, а описот – во кој имаше и емотикон од лебед – привлече посебно внимание, пренесува Žene.ba.
Иако неговото видео не открива многу, овој детал – во комбинација со објавата на Џејла – дополнително ги поттикна шпекулациите за можна соработка.
View this post on Instagram
За време на неодамнешната посета на Сараево, самиот Јаков навести дека можеби навистина се подготвува заедничка песна. Тој тогаш не криеше колку ги цени вокалните способности на Џејла, откривајќи дека размислувал за соработка со неа многу подолго отколку што кружат гласините за нивниот приватен однос.
„Без оглед на приказните и шпекулациите за кои луѓето зборуваат, јас отсекогаш сум зборувал за дует со Џејла. Уште пред да се запознаеме, велев дека таа е најдобрата пејачка на Балканот, па и во светот, и секако дека сакав дует со неа“, изјави Јаков, додавајќи дека дуетот дефинитивно ќе се случи.
Покрај можниот музички проект, Џејла и Јаков со месеци го привлекуваат вниманието поради нивниот однос, кој е предмет на бројни шпекулации. Нивните заеднички појавувања во Котор, Загреб и Сараево, како и дружењето на приватни прослави, поттикнаа гласини за можна љубовна врска.
Сепак, никој од нив јавно нема потврдено дека се во врска. Јаков неодамна изјави дека му е интересно што луѓето шпекулираат за неговиот љубовен живот, но дека засега сака да ја задржи приватноста за себе.
Дотогаш, нивните објави продолжуваат да ја разгоруваат љубопитноста, а фановите сигурно будно ќе следат дали ќе се појават нови траги.
Ако најновите видеа навистина се најава за заедничка песна, се чини дека регионалната музичка сцена наскоро би можела да добие интересна соработка.












