среда, ноември 18, 2026
Дома МАГАЗИН Баба Слава од Карпош дувна 101 свеќичка – роденденот го прослави со...

Баба Слава од Карпош дувна 101 свеќичка – роденденот го прослави со најмилите/ФОТО

1

Да се доживее над 100 години е вистинска реткост и животно богатство. Токму овој голем јубилеј го прослави баба Слава Коцевска, која годинава наполни 101 година, опкружена со љубовта на своето најблиско семејство.

Роденденската прослава помина во топла и семејна атмосфера, со торта, насмевки и многу емоции. Баба Слава го одбележа овој посебен ден во друштво на најмилите, кои ѝ посакаа уште многу здравје, спокој и убави моменти.

Вековниот животен пат на баба Слава е вистинска инспирација, а нејзиниот 101. роденден уште една можност за семејството да ѝ ја покаже љубовта и благодарноста.

ИЗДВОЕНИ