вторник, октомври 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен маж од Кавадарци: Кај него се пронајдени ловечка пушка, недозволени средства...

Уапсен маж од Кавадарци: Кај него се пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч/ФОТО

24
Фото: МВР

Шеесет и деветгодишен кавадарчанец се соочува со кривични пријави за незаконит лов и недозволено поседување оружје, откако полицијата при претрес во неговата викендичка и домот пронашла пушка, муниција, месо од срндак и средства за незаконит лов.

На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци.

Фото МВР

По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“  по член 396 од Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ