четврток, јуни 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Турците и Германците најбројни гости

Турците и Германците најбројни гости

9

Во април годинава во земјава биле евидентирани 97.358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, странските туристи и натаму доминираат во вкупниот туристички промет, а во периодот јануари – април е забележано зголемување и на бројот на туристи и на бројот на ноќевања во споредба со истиот период лани.

Од вкупниот број туристи, 79,5 проценти биле странски, а 20,5 проценти домашни гости. Од вкупно остварените ноќевања, 73,2 проценти се реализирани од странските, а 26,8 проценти од домашните туристи.

Во првите четири месеци од годинава, вкупниот број туристи е зголемен за 3,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа, бројот на домашни туристи е намален за 0,1 процент, додека кај странските е регистриран раст од 4,8 проценти. Вкупниот број ноќевања е зголемен за 0,3 проценти.

Најголем број од странските туристи во април биле од Турција, Германија, Србија и Франција, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

ИЗДВОЕНИ