четврток, јуни 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тропски ноќи и пеколна жега: Африкански бран ќе ја погоди Македонија викендов

Тропски ноќи и пеколна жега: Африкански бран ќе ја погоди Македонија викендов

0

Територијата на Македонија за време на викендов (сабота  и недела 27/28 јуни) ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која ќе условува да имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од североисточен правец.

Во попладневните часови има мали услови за сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи (ништо сериозно).

Во Скопје  и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од севроисточен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 22 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 37 степени.

Ув индексот викендов ќе има многу висока вредност и ќе изнесува вредност 9, објавува Метеоаларам.

ИЗДВОЕНИ