недела, септември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тројца мигранти од Судан пронајдени меѓу кутии во грчки камион

Тројца мигранти од Судан пронајдени меѓу кутии во грчки камион

32

Царинската управа информира дека се пронајдени тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење во Комплесот Царинарница во Скопје.

„Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите“, соопшти Царина.

Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци. Мигрантите се предадени на полицијата.

ИЗДВОЕНИ