четврток, август 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или...

МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат

764

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Синодот потесети дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.

-Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби. Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА и ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат – се потенцира во соопштението.

Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна за време на неговиот престој во Мркоњиќ Град во Босна и Херцеговина, каде неодамна се одржа комеморативен собир за сеќавањето на жртвите во хрватската акција „Олуја“.

-Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ-град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот – рече тој.

Изјавата дадена во контекст на тоа дека во Српската црквата постоеле „полицентрични идеи“, односно идеи за федерализирање и конфедерализирање на СПЦ.

-Тоа е смрт за српскиот народ, тоа е смрт за српската црква – изјави Вучиќ, додавајќи дека уште на времето патријархот Иринеј, тој и српските архиереи препознале што се случува.

Вучиќ додаде дека литиите во Црна Гора во 2020 година започнале кога „некои сакале да направат Православна црква во Црна Гора, само за да го избришат она „српска’“. СПЦ имаше јурисдикција врз епархиите во Македонија до 1967 година кога МПЦ-ОА прогласи автокефалност, а која од Белград беше признаена во 2022 година. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ