четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Триста млади багреми засадија планинарите на „Осоговски орел“

Триста млади багреми засадија планинарите на „Осоговски орел“

79

Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани, вчера, реализираше акција за пошумување во месноста Пресечена Скала.

– На неодамна опожарен терен над фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев – соопштуваат од КПС „Осоговски орел“.

Со оваа еколошка и хумана иницијатива, од КПС „Осоговски орел“ испратија порака дека споменот на настраданите ќе продолжи да живее и преку дела што создаваат нов живот и ја обновуваат природата. По завршувањето на пошумувањето, беше реализирано и пешачење на релацијата од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Рекреативците поминаа патека долга осум километри.

Претходно, на Градскиот стадион во Кочани беа откриени бистите на Томас Златков и на Александар Стојанов, верни навивачи на групата „Сејмени“ на фудбалскиот клуб „Осогово“. Златков и Стојанов загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

 

 

ИЗДВОЕНИ