недела, ноември 29, 2026
Дома СВЕТ Сообраќајна несреќа во Мјанмар: Автобус падна во провалија, загинаа над 20 лица

Сообраќајна несреќа во Мјанмар: Автобус падна во провалија, загинаа над 20 лица

0
Фото: википедија

Противпожарната служба на Мјанмар соопшти дека денес загинале 22 лица, а 14 се повредени, откако меѓуградски патнички автобус се превртел и паднал во провалија во централниот дел на земјата.

Според информациите, во возилото имало 36 лица.

Веднаш по несреќата, пожарникарите испратиле спасувачка екипа, а повредените биле пренесени во болница на лекување, пренесува новинската агенција „Синхуа“.

Локалните спасувачи изјавиле дека во автобусот се наоѓале наставници, ученици и вработени од приватно училиште, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ