понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Британија ќе и предаде на Украина доверливи податоци за производство на ракетите...

Британија ќе и предаде на Украина доверливи податоци за производство на ракетите „SCALP“; Кремљ: Долевате масло на огнот

238

Велика Британија ќе му ги предаде на Киев доверливите податоци за производството на ракетите со долг дострел „SCALP“, изјави премиерот Енди Бурнам, кој пристигна во посета на Украина.

„И покрај скандалозните закани на Русија упатени кон мојата земја, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, им рече Бурнам на новинарите во Киев.

Одлуката на Велика Британија да ѝ обезбеди на Украина доверливи информации во врска со британските компоненти за ракетите со долг дострел „SCALP“ претставува „долевање масло на огнот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Британија методично и редовно долева масло на огнот и крои планови, бидејќи сака да го спречи секој напредок во мировниот процес“, додаде Песков.

Бурнам возврати со прашање: „Кој го запали огнот? Тоа е прашањето, нели?“

Тој додаде дека прашањето за ракетите-пресретнувачи ќе биде главна тема на состанокот на „коалицијата на подготвените“.

Велика Британија беше првата земја што во 2023 година ѝ испорача на Украина ракети со долг дострел „Storm Shadow“ за борба против руските сили.

И покрај тоа, Лондон не му дозволи на Киев да ги користи за напади во самата Русија.

ИЗДВОЕНИ