понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Разговорите продолжуваат утре во Доха, на барање на Иран

Трамп: Разговорите продолжуваат утре во Доха, на барање на Иран

8
epa12896943 A shopkeeper displays Iranian, and US flags at a shop in Karachi, Pakistan, 17 April 2026. Pakistan has emerged as a key venue for diplomacy between the United States and Iran, with Islamabad hosting talks aimed at easing regional tensions and sustaining dialogue after a fragile ceasefire. EPA/SHAHZAIB AKBER

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека претставници на Иран побарале состанок со американската страна и дека разговорите треба да се одржат утре во катарската престолнина Доха.

– Иран побара состанок. Ќе се одржи утре во Доха!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Тој го најави ова откако Иран претходно се повлече од учество во техничките преговори во Швајцарија, по американските напади врз ирански цели. Но, како што пренесе иранската новинска агенција „Тасним“, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјавил дека состаноците на техничката работна група во рамките на меморандумот за разбирање не се закажани за оваа недела.

Тој нагласи дека консултациите меѓу Иран и Катар во врска со обврските на САД продолжуваат според предвидениот план, но дека разговорите на техничката работна група во Доха сè уште не се официјално потврдени.

Претходно, извор запознаен со разговорите изјави за „Ројтерс“ дека иранските и американските тимови кои работат на спроведувањето на меморандумот за разбирање би можеле да се сретнат во наредните денови во Доха.

ИЗДВОЕНИ