Најмалку пет лица се убиени во масовно пукање што се случи денес во германскиот град Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, соопшти полицијата. Според првичните информации, пукањето се случило во близина на младинскиот центар на Данкерштрасе. Големи полициски сили и екипи на брза помош веднаш биле испратени на местото на настанот.
По пукањето во Штаде, две лица очигледно се обиделе да избегаат со автомобил, изјавил за онлајн Фокус директен сосед на институцијата во чија близина биле убиени пет лица.
Сведокот рекол дека околу 12:15 часот слушнал гласно врескање од правец на зградата во која, меѓу другото, се наоѓа институцијата за мајки и деца. Набргу потоа, се слушнале истрели.
Сведокот го слушнал полициското радио: „Прострелна рана во градите“, „прострелна рана во главата“. Не можел да утврди дали ова се однесува на жртвите или на осомничените.
BREAKING: 5 people dead after a shooting in Stade, Germany. pic.twitter.com/c3oe3yDpdC
— Scope Report (@ScopeReport_) June 29, 2026
Додал дека видел едно лице како го изнесуваат на носилка од институцијата за мајки и деца, по што се обиделе да го реанимираат на улица.
Рече дека видел жена и помлад маж како седат во автомобил кој се обидувал да се оддалечи од местото на злосторството, објави онлајн Фокус.
Според него, еден полицаец гласно извикал:
„Стоп, запрете го возилото“.
Сепак, автомобилот продолжи да се движи.
Потоа неколку полицајци отвориле оган врз возилото. Сведокот проценува дека биле испукани најмалку десет до петнаесет истрели. После тоа, тој повеќе не можел да види што се случува.
Полицијата првично објави дека осомничениот е уапсен, а потоа прецизираше дека се уапсени две лица, вклучувајќи го и човекот осомничен за пукањето. Сè уште не е познато дали жената што ја видел сведокот е второто уапсено лице, ниту пак каква била нејзината врска со осомничениот.
Пет лица беа убиени, а неколку други беа повредени во денешната (29 јуни) пукотница во германскиот град Штаде.
Опсадна состојба во Германија: Најмалку 5 мртви во пукање кај Хамбург












