четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Трамп: „Нетанјаху е добар човек, но понекогаш малку се занесува“

Трамп: „Нетанјаху е добар човек, но понекогаш малку се занесува“

38
EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп, на крајот од самитот на Г7 во Франција, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да заземе „помек пристап“ во Либан.

Нетанјаху и Трамп постојано се во судир околу одбивањето на Израел да ги ограничи воените операции против Хезболах во Либан, каде што прекинот на непријателствата е едно од клучните барања на Иран.

„Нетанјаху е добар човек, но понекогаш малку се занесува“, изјави Трамп вчера за новинарите, пренесе Ројтерс.

„Имаме мал спор околу Либан. Му велам: Можеш да бидеш малку помек, Биби. Не мора да уриваш зграда секој пат кога некој од Хезболах ќе влезе во неа.“

Трамп додаде дека се согласува со описот на Израел како „многу мал партнер“ на САД.

 

ИЗДВОЕНИ