Швајцарското Министерство за надворешни работи денес објави дека планинското одморалиште Биргеншток ќе биде домаќин на церемонијата на потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, закажана за петок.
Според министерството, церемонијата ќе се одржи во одморалиштето со поглед на езерото Луцерн, наместо во Женева, која првично беше планирана како место за потпишување, пренесе СиЕнЕн.
Швајцарските власти изјавија дека се во близок контакт со САД, Иран, Пакистан и Катар во врска со изборот на локацијата и дека Биргеншток бил предложен од пакистанските и катарските медијатори, заедно со Вашингтон и Техеран.
На местото ќе бидат распоредени околу 2.000 војници за да го обезбедат настанот, додека над планината Биргеншток ќе биде воспоставена зона за забранети летови од 18 до 20 јуни.
Биргеншток во минатото беше домаќин на меѓународни состаноци на високо ниво. Во јуни 2024 година, таму се одржа мировен самит за Украина, со учество на делегации од бројни земји.
Одморалиштето е познато и како едно од местата каде се снимаше филмот за Џејмс Бонд од 1964 година „Голдфингер“, во кој глуми Шон Конери.












