петок, септември 18, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Наскоро ќе одлучам дали да го уништам режимот во Иран или...

Трамп: Наскоро ќе одлучам дали да го уништам режимот во Иран или не, се е можно кога станува збор за мене

3
Фото: EPA/NEIL HALL

„Пред мене е голема одлука. Дали сакам да ги уништам таму или не? Тоа е голема одлука. Сè е можно кога станува збор за мене“, рече тој, како што пренесе порталот „Аксиос“.

Зборувајќи за претстојната средба со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, тој изјави дека ќе ја искористи средбата за да ги согледа ставовите на земјите од Заливот пред да ги одреди своите следни чекори.

„Сакам да дознаам каков е нивниот став и каква е ситуацијата. Ние многу ги штитевме“, рече Трамп.

„Аксиос“ забележува дека Трамп не кажал дали ќе донесе одлука пред или по претстојните избори за Конгресот во САД (т.н. избори на средината на мандатот) во ноември, додека неименуван американски функционер изјавил дека „во одреден момент ќе треба да се донесе одлука во врска со крајната цел“.

Трамп рече дека Иран останува во директен контакт со Вашингтон и сè уште е заинтересиран за постигнување договор за траен прекин на огнот.

На прашањето дали планира да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на неговиот престој во Њујорк следната недела, Трамп ниту потврди, ниту негираше.

Постигнат е значителен напредок кон воспоставување американска воена база во Полска, објави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека за тоа придонело „храброто лидерство“ на полскиот претседател Карол Навроцки. „Ако се случи ова, локацијата ќе биде објавена многу наскоро. Тоа ќе биде историски чекор во големиот сојуз меѓу САД и Полска“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми, „Трут соушл“ (Truth Social).

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш се сретна со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во јуни оваа година, во време кога Хегсет најави преиспитување на распоредувањето на американските трупи во Европа, пренесе „Танјуг“.

„Ројтерс“ забележува дека американските трупи биле стационирани во Полска на ротациона основа.

ИЗДВОЕНИ