петок, септември 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дизелот во Франција никогаш не бил поскап

Дизелот во Франција никогаш не бил поскап

7

Просечната цена на дизелот во Франција денес достигна рекордни 2,39 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 евра, забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.

Просечната цена е пресметана врз основа на цените пријавени вчера од повеќе од 9.000 бензински станици на владината веб-страница за следење на цените на горивата, пренесува телевизијата БФМ.

Од 11 септември просечната цена на дизелот е над 2,30 евра за литар, што е меѓу највисоките нивоа забележани од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари.

ИЗДВОЕНИ