понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Комерцијалните бродови почнаа да пловат низ Ормускиот теснец

Трамп: Комерцијалните бродови почнаа да пловат низ Ормускиот теснец

26
Фото:пекселс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека комерцијалните бродови, од кои многумина носат нафтени товари, почнале да минуваат низ Ормускиот теснец, откако САД и Иран постигнаа договор што вклучува отворање на теснецот и укинување на американската поморска блокада врз Иран.

„Бродовите се движат по јужниот „автопат“, кој е целосно безбеден, сигурен и беспрекорен. Постојат и други области за превоз“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Повикувајќи се на неименуван ирански извор запознаен со деталите од преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, новинската агенција „Фарс“ објави дека дел од договорот предвидува дека Иран ќе им дозволи на бродовите да минуваат низ Ормускиот теснец бесплатно „само 60 дена“, што значи дека САД го прифатиле принципот на наметнување тарифи, обезбедувајќи само 60-дневно ослободување за Иран, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ