Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека ќе има „чест да ја окупира Куба“ и дека со неа „може да прави што сака“.
-Верувам дека ќе имам чест, чест да ја окупирам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест, рече Трамп за време на потпишување на извршна наредба во Белата куќа.
Американскиот претседател со недели повторува дека Куба е на работ на колапс.
-Без разлика дали ќе ја ослободам, ќе ја окупирам, мислам дека можам да правам што сакам со неа. Тие се многу ослабена нација во моментов. Тоа е пропадната нација. Тие немаат пари, немаат нафта, ништо, рече тој.
Под Трамп, Вашингтон го зголеми економскиот притисок врз Куба, со цел да го прекине протокот на странска валута и нафта кон карипскиот остров. Во моментов, Куба е во една од најтешките економски кризи од револуцијата во 1959 година, предводена од Фидел Кастро.












