четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обележан новоизградениот паркинг кај стариот театар, во тек е изградба и на...

Обележан новоизградениот паркинг кај стариот театар, во тек е изградба и на подземна гаража

87

Новоизградениот паркинг на местото на стариот театар во Велес во близина на автобуската станица е одбележан, со цел целосна функционалност, информираше  градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

Паркингот е изграден со средства од општинската каса.

– Поради местоположбата, овој паркинг, кој е во близината на Градскиот пазар и на автобуската станица, а и во близина на центарот на градот, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж – нагласи Колев.

И овој нов паркинг, како и останатите паркинзи во градот, е бесплатен за сите граѓани.

Жителите од овој дел од градот, пред неговата изградба, од Општината бараа на овој простор кај стариот театар кој се урна, да се изгради детски парк со реквизити за игра, како и хортикултурно да се уреди просторот.

Во центарот на Велес, во тек е изградбата на првата подземна гаража. 

 

ИЗДВОЕНИ