вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“, се огласи МВР

Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“, се огласи МВР

28

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

ИЗДВОЕНИ