Германскиот кошаркар Јоханес Фојтман објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, соопшти Германската кошаркарска асоцијација.

Фојтман дебитираше за Германија во 2014 година, а во повеќе од една деценија одигра 128 натпревари и постигна 830 поени. Крилниот центар беше дел од златната генерација на германската кошарка и со репрезентацијата ги освои најголемите трофеи.

Во 2023 година беше дел од историскиот состав кој ја освои првата светска титула за Германија. Две години подоцна, Фојтман и неговите соиграчи триумфираа и на Европското првенство во 2025 година. Претходно, на Евробаскетот во 2022 година, Германија освои бронзен медал.

Фојтман моментално настапува за Баерн Минхен, а во кариерата играше и за Олимпија Милано, ЦСКА Москва, Басконија, Франкфурт и Јена.

Со неговото заминување завршува една важна репрезентативна приказна, во која Фојтман остави голем белег во најуспешниот период на германската кошарка.

ИЗДВОЕНИ