понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Трамп доби нова понуда од Иран: „Црвените линии на претседателот се познати“

Трамп доби нова понуда од Иран: „Црвените линии на претседателот се познати“

549
EPA/Yuri Gripas / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ги собра своите советници и на денешниот состанок на Советот за безбедност на Соединетите Американски Држави разговараше за новата понуда на Иран за прекин на војната на Блискиот Исток, објавува британскиот весник „Гардијан“.

На прес-конференција, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, објасни кои се крајните услови на Соединетите Американски Држави за прекин на војната со Иран. Таа ги истакна позициите на Трамп кои се познати одамна. Тоа се отворањето на Ормускиот теснец и отфрлањето на нуклеарната програма, за што Трамп зборуваше неколку пати.

„Црвените линии на претседателот Трамп за Иран се уште се исти и јасни, не само за американската јавност, туку и за Иран. Не би рекла дека го разгледуваат тоа. Мислам дека само дискутираа за темата. Ќе чуете сè за таа тема директно од претседателот“, објасни таа.

Израел и САД го нападнаа Иран во раните утрински часови во саботата, 28 февруари, во воената операција „Епски бес“. Во нападите на првиот ден беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, прекинот на огнот е во сила од 8 април и беше продолжен на 22 април, американската морнарица ги блокира приодите кон Ормускиот теснец и иранските пристаништа од 13 април по неуспешните преговори во Пакистан, привремено прекин на огнот меѓу Израел и Либан е во сила од 16 април, а Ормускиот теснец беше отворен од 17 април до 18 април, кога повторно беше затворен.

ИЗДВОЕНИ