петок, јули 3, 2026
Дома МАГАЗИН Трагичен инцидент во градините на дворецот Виндзор: Смртоносен пад на припадник на...

Трагичен инцидент во градините на дворецот Виндзор: Смртоносен пад на припадник на кралската церемонијална единица од коњ

148
Фото:википедија

Припадник на Кралската церемонијална и коњичка единица на британската војска им подлегна на тешките повреди здобиени по пад од коњ, пренесоа денес британсктие медиуми.

На повредениот војник му беше укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но тој почина, пренесе „Гардијан“.

Несреќата се случила по манифестацијата за прикажување на коњицата одржана во градините на дворецот Виндзор, соопшти полицијата.

Војникот паднал од коњ во петокот вечерта, по излегувањето од арената, пренесе весникот.

Тој почина иако веднаш му била укажана помош на местото на инцидентот.

Полицијата соопшти дека овој смртен случај ќе се води како неразјаснет, но дека нема сомнителни околности.

Манифестацијата во дворецот Виндзор продолжува по планот, но презентирањето на Кралската трупа и Кралската коњичка артилерија ќе биде откажана.

„Апелираме до сите кои имаат информации, или материјал во врска со смртта на војникот на коњицата да не контактираат“, наведен портпаролот на полицијата Мајкл Лобендберг.

Тој додаде дека во оваа фаза не се пронајдени никакви сомнителни околности и упати сочувство до семејството на загинатиот војник.

„Соработуваме со Министерството за одбрана, со Одделение за истрага на несреќи во секторот за одбрана и со организаторите на манифестацијата, со цел да собереме што е можно повеќе инфорамци и да разбереме како се случи ова“, изјави тој.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот Чарлс Трети е длабоко шокиран од веста за смртта на војникот. Тој додаде дека Чарлс Трети ќе биде во контакт со семејството за лично да изрази сочувство.

„Со длабоко жалење информираме дека припадник на Кралската коњичка артилерија почина во петокот, 15 мај, по трагичниот инцидент, соопши во меѓувреме портаролот на војската, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ