Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“.
Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон, стои во соопштението на полицијата.
Во пријавата се наведува дека осомничениот ги вознемирувал децата и ги снимал со мобилен телефон, со што кај нив предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност.
По преземените мерки и документирањето на случајот, против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, кое треба да ја продолжи понатамошната постапка. Од институциите засега не откриваат дополнителни детали за случајот, ниту за околностите под кои се случувало вознемирувањето, со образложение дека истрагата е во тек.
Случајот предизвика вознемиреност во јавноста, особено поради тоа што се однесува на деца и на лице вработено во училишна установа.












