Двајца пожарникари загинаа во шумски пожар што избувна на јужниот грчки остров Крит попладнево, соопшти противпожарната служба. Загинатите се меѓу 125 пожарникари кои се бореа со пожарот во регионот Ретимно на северниот брег на островот.
Околностите под кои пожарникарите ги загубија своите животи не се познати.
„Тие загинаа херојски, при вршење на должноста, за да ги заштитат животите и имотот на граѓаните и животната средина“, напишаа пожарникарите во соопштението.
Пожарот го разгоруваат силните ветрови.
Го гаснат четири хеликоптери и четири противпожарни авиони, амфибиски „канадери“ кои лебдат над езера или мориња, вшмукувајќи повеќе од шест тони вода, а потоа испуштаат повеќетонски „водени бомби“ врз жариштата, со што го гаснат пожарот, го навлажнуваат преостанатото зеленило и ја ладат земјата, пренесе „Бета“.












