Рускиот шампион во повеќебој, Дмитри Исаев, трагично го загуби животот во Калуга откако беше застрелан пред зградата во која живееше. Според првичните информации од руските медиуми, за убиството е осомничен поранешниот партнер на неговата девојка.

Тажната вест ја потврди спортскиот клуб Логово зверја, каде што работеше Исаев како тренер.

  • Многу ни е тешко да зборуваме за ова… Дмитриј Исаев, нашиот тренер, спортист и пријател, го загуби животот. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските – соопштија од клубот.

Според информациите, Исаев бил погоден со истрели од ловечка пушка. Наводно, осомничениот бил мотивиран од љубомора и подолго време го следел спортистот по раскинувањето со девојката.

Неколку дена пред трагедијата, Исаев им споменал на своите пријатели дека имал конфликт со двајца мажи, меѓу кои и поранешното момче на својата партнерка.

Руските медиуми објавија дека напаѓачот, по пукањето, се обидел да избега кон Москва, но полицијата брзо го лоцирала и уапсила. Во врска со случајот се приведени две лица.

Исаев веднаш бил пренесен во болница, каде што лекарите речиси еден час се бореле за неговиот живот, но им подлегнал на повредите во раните утрински часови.

Обвинителството во Калуга потврди дека 35-годишниот спортист бил застрелан најмалку двапати, а против осомничените е отворена истрага за убиство.

Луѓето што го познавале Дмитриј го опишуваат како позитивна, дружељубива и секогаш насмеана личност, а неговата смрт предизвика шок и тага во спортската јавност во Русија.

ИЗДВОЕНИ