Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на ЈП „Железници –  Инфраструктура“, Синиша Ивановски, извршија увид во реконструираната пруга, а направија и тест-возење.

– Драго ми е што правиме тест-возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која се вадат товарните возови надвор од градот – истакна Николоски, потенцирајќи дека на тој начин многу се помага во заштитата на животната средина и во намалувањето на загадувањето во Скопје.

Се очекува за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница

 

Заврши реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден, со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје.

По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, извршија увид во реконструираната пруга, а направија и тест-возење.

– Драго ми е што правиме тест-возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која се вадат товарните возови надвор од градот – истакна Николоски, потенцирајќи дека на тој начин многу се помага во заштитата на животната средина и во намалувањето на загадувањето во Скопје.

Ова е проект што го работеше ЈП „Железници – Инфраструктура“, завршувајќи го во максимално брз рок.

Според Николовски, во моментов има тест-период за потоа да се направи и технички прием.

Се очекува за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница.

– Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје, од една страна, но, од друга страна, ќе значи побрз карго сообраќај на Коридорот 10. Тоа ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композиции на македонските пруги, што многу ќе придонесе за развој на бизнисот и на целокупниот транспорт – потенцираше Николоски.

Тој повтори дека за многу брзо време, не подоцна од 1 септември, ќе биде пуштена во употреба и првата линија на градскиот воз, која ќе оди од Зелениково, преку Драчево, до центарот на Скопје.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ