Американскиот кошаркар Маркел Фулц потпиша десетдневен договор со Торонто, објави канадскиот клуб. Фулц (27) беше избран како прв пик во првата рунда на НБА-драфтот од страна на Филаделфија, во 2017 година. Потоа играше за Орландо и Сакраменто, а во претходните сезони имаше проблеми со повреди.

Фулц играше за тимот на Репторс 905 во развојната Џи лига оваа сезона, и имаше просек од 9,4 поени, 6,2 асистенции и 2,4 скока по натпревар.

Кошаркарите на Торонто моментално се на петтото место на табелата во Источната конференција на НБА со 39 победи и 31 пораз.

ИЗДВОЕНИ