понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Топлото време продолжува и неделава, но попладневните часови носат нестабилност

Топлото време продолжува и неделава, но попладневните часови носат нестабилност

11

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време.

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.

ИЗДВОЕНИ