Екипата на ТФТ Скопје испушти голема шанса во првиот меч од финалето во АБА 2 лигата, откако и покрај одличното прво полувреме, на крајот доживеа убедлив пораз од Широки Бријег со 88:69.

Македонскиот тим имаше резултатска позитива во првите две четвртини на гостински терен, но пресвртот дојде во третиот период. При резултат 46:39 за ТФТ, домаќините направија серија од 13:0 и го презедоа водството. Иако скопјани успеаја кратко да се вратат и да поведат со 60:58, Широки во финишот на третата четвртина повторно ја презеде контролата (64:62).

Клучниот пад на ТФТ се случи во последната четвртина. По израмнувањето на 64:64, следуваше нова серија на Широки од 10:0, со што практично беше решен победникот. До крајот, домашниот тим доминираше целосно, постигнувајќи 24 поени во последните 10 минути, наспроти само 7 на ТФТ.

Со оваа победа, Широки поведе со 1-0 во финалната серија и сега ТФТ е под императив победа во следниот натпревар во Скопје, доколку сака да остане во трката за пласман во АБА1 лигата.

ИЗДВОЕНИ