понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Груби нема да излезе од дома уште месец дена

Груби нема да излезе од дома уште месец дена

273

Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во домашен притвор уште 30 дена на предлог на јавниот обвинител, а со одлука на Основниот кривичен суд. Обвинетиот за злоупотребите во Државната лотарија ќе го чува полицијата, така бараа АНБ и МВР, со објаснување дека му била загрозена безбедноста и на неговото семејство. Истрагата за Груби се одолговлечи, а тоа остава простор во јавноста за шпекулации и прашања- дали осомничениот ќе се спогоди, дали ќе се запре истрагата…Груби досега не дал исказ пред обвинителот, а одбраната досега требаше да направи увид во доказите.

Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари и сам се предаде на граничниот премин Блаце. Груби е осомничен заедно со екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој пак и натаму е во бегство и за него има активна потерница од Интерпол. ОЈО Скопје ги сомничи за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ