Македонскиот вицешампион, екипата на ТФТ Скопје не успеа да избори мајсторка во баражот за пласман во регионалната АБА-лига, откако и вторпат беше поразен од Борац Чачак. Српскиот тим славеше убедливо во Скопје со 97:65 и обезбеди опстанок во елитното регионално натпреварување.

Гостите уште во првото полувреме ја покажаа својата надмоќ и на одмор заминаа со сигурна предност од 52:35. ТФТ се обиде да парира во третиот период, но во последната четвртина целосно потфрли и постигна само девет поени.

Најефикасен кај „црно-белите“ беше Џастин Гордон со 18 поени, додека Дејвис додаде 15, а Говенс натпреварот го заврши со 11 коша.

По елиминацијата од баражот, ТФТ сега целосно се насочува кон домашното првенство. Веќе во вторник тимот го очекува вториот меч од полуфиналната серија против Маџари, кој води со 1:0 во серијата.

ИЗДВОЕНИ