сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Лав XIV стана првиот папа што гласал на избори во САД

Лав XIV стана првиот папа што гласал на избори во САД

29
Фото:википедија

Папата Лав XIV стана првиот папа во историјата што гласал на избори во САД – избори кои ќе помогнат да се одреди иднината на Америка, додека ерата на Доналд Трамп се ближи кон својот крај.

Ватикан денеска потврди дека поглаварот на Римокатоличката црква, роден во Чикаго, гласал преку отсуство (со гласачко ливче испратено по пошта) во Чикаго, пред претстојните „избори на средина од мандатот“ (midterm elections) – конгресни избори што се одржуваат на средината од претседателскиот мандат – закажани за 3 ноември.

Лав, порано познат како Роберт Преводст, изјави дека отсекогаш верувал во граѓанското учество; тој „го искористи своето право на глас како државјанин на Соединетите Држави“, соопштија од Ватикан, додавајќи дека тој го користел ова право „секогаш кога имал можност за тоа“ – вклучително и додека служел како свештеник во Перу повеќе од 20 години.

„Светиот Отец го изразува своето уверување во правото и должноста на граѓаните да учествуваат во демократските процеси“, наведоа од Светата Столица.

Лав поседува и американско и перуанско државјанство; тој е исто така поглавар на странска држава – Ватикан – апсолутна монархија во која не се одржуваат политички избори.

Сојузните закони на САД им дозволуваат на граѓаните што живеат во странство – вклучително и на оние што работат за странски влади – да гласаат по пошта или преку гласачко ливче за отсуство, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ