Отстранета е рачната бомба која во четвртокот попладне беше пронајдена во непосредна близина на дописништвото на Радио-телевизија Херцег-Босна (РТВ ХБ) во Кисељак, соопштија во петокот од полицијата на Среднобосанскиот кантон.
Бомбата ја пронашле новинарите на Радио-телевизија Херцег-Босна, за што ја известиле полицијата. Набргу потоа, полицијата го обезбеди местото на настанот и изврши увид, а експлозивната направа ја отстрани тим на Федералната управа за цивилна заштита.
Од тамошното МВР додадоа дека полициските службеници ќе поднесат извештај до Обвинителството на Среднобосанскиот кантон по завршувањето на истрагата. Според истото соопштение, дежурната обвинителка од Кантоналното обвинителство во Травник не можела да се изјасни дали постојат елементи на кривично дело во врска со пронајдената рачна бомба.
Рачна бомба на истата локација беше пронајдена и во јули оваа година. Тогаш, за време на полицискиот увидот, беше утврдено дека експлозивната направа паднала од покривот на зградата за време на изведување градежни работи. Овој пат немало никакви работи на тој објект.












