четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тетовчанка купувала мебел на социјални мрежи, дала капар – ама продавачот исчезнал

Тетовчанка купувала мебел на социјални мрежи, дала капар – ама продавачот исчезнал

405

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице кое се претставило како претставник на фирма за мебел.

Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.

Откако се сретнале, му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а лицето подоцна станало недостапно на телефон. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ