ТЕШКО СКВЕРНАВЕЊЕ ВО МАТЕЈЧЕ: Вандалите откопаа и расфрлаа коски на починатите, украле оловен лим од покривот на манастирот „Пресвета Богородица“…

953

Невиден ванализам и сквернавење на православното христијанско светилиште се случило деновиве во манастирската црква „Пресвета Богородица“ во Матејче, во рмаките на општина Липково. Кумановско – осоговската епархија на МПЦ-ОА денеска на својот профил на Фејсбук информира дека деновиве е извршено провалување, копање на подот во манастирската црква и кражба на оловниот лим од централната купола на манастирската црква.

Епархијата, која е сопственик на заштитено културно добро, известува дека од страна на непознат сторител во месец март 2025 година е извршен неовластен упад во црковен имот во Манастирот Пресвета Богородица селото Матејче.

-Упадот е извршен со провалување во затворените простории на манастирската црква. Извршено е копање на подот на манастирската црква, кој  е целосно раскопан, и извршен е ископ на голема количина на земја, при што се извадени и осквернавени посмртните останки на порано погребани лица на ова место. Исто така е причинета значителна материјална штета и кражба на оловен лим од централната купола на манастирската црква – се наведува во објавата заедно со фотографиите на кои се гледаат расфрланите коски на починатите лица кои таму биле погребувани.

Се додава дека вчера член на Црковниот одбор на манастирот „Пресвета Богородица“ го посетил манастирот и забележал дека врз заштитеното културно добро е извршен вандалски чин.

-За настанатата материјална штета, по службена должност, настанот го пријави до митрополијата во Куманово, како надлежен орган за понатамошно постапување.

Ова манастирска црква која е оддалечена од населените места во изминативе години често била вандализирана, а најмногу во текот на воениот конфликт во 2001 година. Овој храм најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и е изграден во 1345 година, со богатиот живопис кој потекнува од 1348 до 1352 година.

ИЗДВОЕНИ